Изјава за заштита на податоци за учесниците на виртуелните делегациски патувања/настани за чување и користење на личните податоци од страна на GIZ-а, меѓународна делегација.
Бидејќи заштитата на лични податоци за GIZ е многу важна, Ви соопштуваме на овој начин кои Ваши лични податоци ќе ги зачуваме и за која цел ќе бидат обработувани. 
Одговорно лице за заштита на податоци е
Германско друштво за интернационална заедничка соработка ДООЕЛ (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit GIZ) GmbH
Седиште на компанијата:

  • Friedrich-Ebert-Allee 36 + 40, 53113 Бон
  • Dag-Hammarskjöld-Weg 1 – 5, 65760 Ешборн
  • Електронска пошта: delegationen@giz.de

Виртуелни делегациски патувања/настани се одржуваат на онлајн платформата Internationale Delegationen на компанијата GIZ која се наоѓа на следната URL:

Кои податоци ги зачувуваме?

Лични податоци наведени при регистрацијата ( нпр. Име, адреса, организација, функција, електронска пошта, телефон) потребни се за учество и се користат за координација на настаните и припрема на личен пристап на виртуелното патување на делегацијата/настани.
Кога ќе ја користите онлајн платформата додатно ќе бидат зачувани следните податоци:

  • Лични идентификациони податоци:  Вашата е-маил адреса и корисничко име се потребни, за да се пријавете на платформата.
  • Вашето име, организација и функција.
  • Опционални (не задолжителни) профилни информации, како нпр.:
    • Ваша фотографија
    • Адреса и телефонски број
    • Информација за вашата личност, интереси и стручности. 
  • Ваши прилози, коментари и допаѓања на онлајн платформата
  • Вашето членство во групите на учесниците
  • Вашето учество на настаните на сесијата
  •  
  • Доколку активно учествувате на некоја видео конференција, можете да го исклучете вашиот аудио или видео канал, така што другите учесници нема да можат да Ве слушнат или видат. Во некои случаи видео конференцијата се снима. Дозволата за снимање се зема од учесниците на почетокот на веб-сесијата. Знакот на горната ивица на претражувачот покажува дека сесијата се снима. 
  • •Вашето користење на платформата, пр. страниците кои ги посетувате и тоа што го преземате.  
  • Како ги прибираме вашите податоци?
  • Вие директно ги ставате на располагање на нашата организација, податоците кои ги прибираме. Прибираме податоци и ги обработуваме кога Вие:
  • се регистрирате на онлајн платформата GIZ на меѓународната делегација/кооперација 
  • доброволно го пополнувате вашиот кориснички профила
  • доброволно учествувате на онлајн дискусиите (синхроно или асинхроно)
  • кога ја користете или прегледувате нашата веб-страница преку колачињата на вашиот прелистувач

Како ги прибираме вашите податоци?

Податоците се користат исклучиво за цел која вам ви обезбедува пристап на онлајн платформата GIZ на меѓународната делегација/кооперација и поради олеснување на вашето учество на настанот:

  • за овозможување на вашиот пристап на онлајн платформата,
  • за овозможување на комуникација и интеракција меѓу корисниците, 
  • за овозможување на учество на онлајн конференциите
  • да ви се овозможи да разменувате искуства во групата на учесници и учете едни од други така што доброволно ги ставате на располагање своите податоци за контакт
  • за припрема за пристам на онлајн ресурси

Податоците се користат само за цели опишани во оваа изјава; секоја друга примена, секогаш зависи од нова согласност. Вашите податоци не се користат во однос на маркетинг цели.

What is the legal data for processing?

  • Правен основ за обработка се вашата согласност за оваа изјава.

Примател на лични податоци

Пристапот на личните податоци е ограничен на учесниците на виртуелните патувања на делегацијата/настани кои ги организира GIZ меѓународната делегација и вработените во GIZ кои се обврзан да ги обработуваат податоците во склад со горе наведените цели и да ги третираат на прописен и доверлив начин.
Ги пренесуваме вашите податоци на надворешни даватели на услуги кои не поддржуваат во следниве активности: чување и адменистрација на податоци, IT поддршка, спроведување настани. Поради таа прилика водиме сметка овие даватели на услуги, да бидат внимателно одбрани и со договор да бидат обврзани за заштита на податоци и редовно проверување.T
Овие даватели на услуги вклучуваат и компании кои ги обработуваат вашите податоци надвор од Европската унија или се со седиште таму. За овие компании ние секогаш бираме само компании кои податоците ги обработуваат на местата за кои постои одлука во примарност на комисијата. (член 45 од Општа регулатива за заштита на податоци, DSGVO). Доколку ова барање не е исполнето, овие даватели на услуги ги ангажираме само доколку тие нудат доволно гаранции за безбедност (член 46 БДП), на пример, со договарање на стандардните договорни клаузули на ЕУ.

Како ги чуваме вашите податоци?

GIS користи соодветни технички и организациски мерки за да ги обезбеди податоците од ненамерно или намерно фалсификување, уништување, губење или пристап од неовластено лице.
Сите податоци се хостирани или на GIZ серверите или на серверите на центрите за податоци Hetzner GmbH лоцирани во Германија во согласност со Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ (GDPR).

Времетраење на складирање на податоци

Личните податоци редовно се бришат кога 

  • Податоците веќе не се потребни за да се постигне целта на договорот (на пр.: Договори за вработување, зголемување, изнајмување или договори за услуги).
  • Субјектите на податоците не издале посебна дозвола.
  • Кога законските обврски и периоди за складирање на податоци истекле. 

Кои се вашите права за приватност?

Имате право да побарате ваши лични податоци, да ги исправите доколку е потребно или да побарате да се ограничи обработката или да се избришат податоците. Тогаш се бришат податоците. 
Дадената дозвола за употреба на личните податоци може исто така да се одземе во кое било време. Законитоста на обработката до моментот на отповикување останува непроменета. 
Во случај на отповикување, користењето на меѓународната интернационална делегациска и кооперативна   платформа и учество на вирутелните патувања на делегацијата / настани, кои се организирани од страна на GIZ меѓународната делегација, повеќе не се возможни.
Отповикување можете да испратите на е-маил адресата:
delegationen@giz.de
Ако имате какви било прашања или поплаки во врска со оваа декларација или обработка, можете да контактирате со службеникот за заштита на податоците на GIZ на следната е-адреса: datenschutzbeauftragter@giz.de.
Имате право да контактирате со надзорниот орган за заштита на податоците со поплаки. Надлежен орган е Сојузниот комесар за заштита на податоците и слобода на информациите (BfDI).

Колачиња

Колачињата се текстуални датотеки што се поставени на вашиот компјутер за да соберат стандардни информации за интернет протоколите и информации за однесувањето на посетителите. Кога ги посетувате нашите веб-страници, можеме автоматски да собираме информации од вас со помош на колачиња или слични технологии.
Користиме колачиња од различни причини, кои подетално се објаснети подолу. За жал, во повеќето случаи, нема индустриски стандардни опции за оневозможување на колачињат без целосно оневозможување на функционалноста и карактеристиките што ги има на оваа веб-страница. Препорачливо е да ги оставите вклучени сите колачиња ако не сте сигурни дали ви се потребни или не во случај да се користат за да обезбедат услуга што ја користите.

  • Колачиња поврзани со формата: Ако доставите податоци преку формулар, на пример, на страниците за контакти, може да се постават колачиња со цел да ги зачувате вашите кориснички податоци за идна кореспонденција.

Можете да спречите поставување колачиња со прилагодување на поставките на вашиот прелистувач (видете во делот помош на прелистувачот). Бидете свесни дека оневозможувањето на колачињата ќе влијае на функционалноста на оваа и на многу други веб-страници што ги посетувате.

Како ги користиме колачињата?

Оваа онлајн платформа користи колачиња на различни начини за подобрување на вашето искуство на нашата веб-страница, вклучително:

  • за да останете најавени
  • за да разберете како ја користите нашата веб-страница
  • обезбедување на функционалност на веб-страницата

Управување со колачиња

Може да го поставите прелистувачот така што тој нема да прифаќа колачиња. Горенаведената веб-страница ви кажува како да ги отстраните колачињата во вашиот прелистувач. Во неколку случаи, сепак, некои функции на нашата веб-страница може да не работат како резултат на тоа.

PДруги политики за приватност на веб-страниците

Платформата за меѓународна делегација и кооперација содржи линкови кои водат до други интернет страници.  Нашата политика за приватност се однесува само на нашата веб-страница. Затоа, секогаш кога ќе кликнете на врска до која било друга веб-страница, треба да ја прочитате нивната политика за приватност.

Промени во нашата политика за приватност

Нашата компанија редовно ја прегледува својата политика за приватност и ги објавува сите ажурирања на оваа веб-страница. Политиката за приватност последен пат е ажурирана на 12 август 2020 година.

Ваша согласност за оваа изјава

Со ваша согласност, вие согласувате вашите лични податоци да бидат зачувани и користени од GIZ во согласност со декларацијата опишана погоре. Оваа согласност останува валидна за период од 1 година по потпишувањето, дури и ако вашето учество е откажано.

  • Се согласувам GIZ да ги чува и користи моите лични податоци во склад со претходно опишаната изјава. Оваа согласност останува валидна за период од 1 година по потпишувањето, дури и ако вашето учество е откажано.